МАКФЕРТ - 14N
МАКФЕРТ - 14N е течно ѓубриво со нагласена содржина на азот (N) кое не содржи хлор, што е предност при исхрана на растенијата преку листот. Се применува за брза прехрана при недостаток на азот (N) посебно за градинарските култури. Може да се применува и за овошните и поледелските култури пред формирање на плодот.
Состав:
Макроелементи: Азот (N) 14%, Фосфор (P2O5) 4%, Калиум (K2O) 7%.
Микроелементи: (Ca, Mg, Fe, Zn, Cu, Mn, Mo, B) во хелатна форма.
Физички особини: Течност со светло зелена боја и точка на кристализација до +10 ºC.
Употреба: Се употребува за фолијарен третман, систем "капка по капка" и преку полевање.
1. Фолијарен третман:
- Градинарски култури на отворено и овошни култури 0,3 - 0,4% раствор ( 300 - 400 ml во 100 L вода)
- Градинарски култури во затворен простор 0,4 - 0,5% раствор (400 - 500 ml во 100 L вода).
- со употреба се почнува кога листот доволно ќе се развие, 5 - 6 прскања на временско растојание од 7 - 10 дена по можност да се избегнува прскање во многу топло и сончево време.
2. Систем "капка по капка" и полевање - се применува како 0,4 - 0,5% раствор.
Мешање: Се меша со пестициди, освен со Бордовска чорба, или со други силни алкални средства.
Чување: Се чува во затворена амбалажа на температура над 10 ºC.
Рок на ефикасност: Неограничен.
Пакување: Пластично шише од 0.25 L и 1 L.
|